Денес се одржа првиот национален форум за здравство, на него можеше да се видат повеќе гости, меѓу нив и премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, еден од членовите на СЗО, како и директори на неколку клиники.

На овој прв форум од ваков тип, првото обраќање кон присутните го имаше премиерот Зоран Заев кој веднаш и во неколку наврати го промени името на државата и ја ословуваше со Северна. Веднаш после него излагање имаше и министерот Филипче кој го направи истото. За ветените и неисполнети реформи во примарното здравство нема да коментираме бидејќи ништо од тоа не се исполнува и најверојатно никогаш нема да се исполни.

Овие неколку моменти од почетокот на овој форум ги потенцираме бидејќи како премиерот, така и сите министри во владата, кон усвојување на незаконски донесени акти и нивно имплементирање се први, но кога станува збор за подобрување на квалитетот на здравството во Македонија, во тој случај ниту една страна не знае што треба да каже, каде и кои се целите и што се случува.

На прашања упатени до министерот Венко Филипче: Како Светската здравствена Организација ја оценува работата на здравството во Македонија во овој момент? Министерот даде одговор во кој не кажа ништо и не посочи ништо, дел од коментарите беа дека секој период за себе си носи свои работи и на тоа слично. Повеќе ќе може да погледнете во видеото во контекст на овој текст.

Филипче не прозборе и не кажа ништо за неколкуте починати дечиња од морбили, не кажа кои се мерките за спречување на епидемијата со морбили, а згора на се и нормално е да има во државата 1300-та заболени од свински грип, тоа е нормално, не е на раб да стане епидемија и тоа е различно од морбилите, беа дел од изјавите на министерот Венко.

Кога беше прашан Филипче зошто не се бара помош од СЗО или меѓународна помош, кога самите не може да се справиме со експлозијата на епидемијата од морбили, министерот тоа не го гледа толку страшно, не можеше а да не ја обвини претходната влада дека е виновна за епидемијата сега, дека проблемот бил од 2014-та зошто тогаш се започнало со невакцинирање на децата, затоа сега има епидемија и он тука ништо не може да направи, не е он крив, други се.

 

Кога после се, се побара од министерот да ги каже мерките кои се наменети за спречување на епидемијата од морбили, тој само смирено посочи дека тоа е вакцинацијата, повторно не кажа ни за квалитетот на вакцините, производител и слични технички информации, ниту посочи некои други мерки. Едноставно, дечиња секојдневно се заболуваат од морбили, идат организирано во театар, кино, не смеат во градинка, епидемијата се шири, министерот не размислува за други мерки, тој гледа колку вакцини се потрошени и на крајот од есапот колкав е неговиот дел. Дури и самиот себеси се правдаше со зборовите „ Некои не обвинуваа дека со многу малку заболени прогласивме епидемија, а да не прогласевме тогаш, сега државата ќе беше парализирана, каде ќе бевме сега“?

Социјалните мрежи вријат, родители нервозно коментираат, децата од 2014-та пораснаа добија ревакцини и се здрави, се е во ред со нив. Но, не е во ред тоа што министерот ги држи како заложници цела македонска јавност, сите родители со мали дечиња кои сега треба да примаат вакцина од МРП, само за да може тендерот да помине, паушалите да се исплатат и вакцините со поминат рок да се потрошат. Друг приоритет нема! Има повеќе од 6000 илјади дечиња вакцинирани, уште само 4000 илјади и епидемијата ќе заврши – се дел од коментарите по социјалните мрежи од родителите и подобро упатените

Да беше поинаку и Филипче да реагираше како министер поинаку до сега епидемијата со морбили ќе згаснеше или воопшто немаше да ја има. – посочуваат родителите