Постоечкиот Клинички центар нема инфраструктурна можност да даде интегрирана здравствена услуга според министерот, а секојдневно тука поминуваат преку 5000 пациенти, Хм Чудно?
„Ова е една од најзначајните одлуки што ја донесе оваа Влада. Но нема потреба да брзаме со градбата на Клинички центар за да добиеме неквалитетно и нефункционално решение. Според сегашната динамика за година и половина може да почнеме со проектирање, а до пет години и финиширање на градбата со сите стандарди“, рече Филипче.
Во врска со селењето на сегашната Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје, на локацијата кај Мајчин дом во Аеродром, Филипче рече дека не може да се биде сигурен оти реконструкцијата на Градска болница ќе даде голем квалитет, таа инвестиција нема да продолжи бидејќи локацијата е преоптоварена и нема услови за повеќе, па затоа ќе се префрли на друго место.