Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека терапијата за Хепатит Ц која е донирана е со вредност од речиси 19 милиони американски долари. Препаратите се произведени од една од водечките фармацевтски компании во САД и се со гарантиран квалитет. Од крајот на 2014 година во светот постои нова терапија за хронично инфицираните со вирусот на хепатитис Ц, која има висок процент на успешност.
Терапијата се зема на уста, не се аплицира со боцкање, овозможува ефикасност од 95-100 проценти. Несаканите ефекти во тек на лекувањето се со значително понизок процент и тежина, кои речиси и не бараат нејзино прекинување.
Третманот овозможува елиминирање на вирусот од човековиот организам, спречување на понатамошно оштетување на црниот дроб, кога има и појава на цироза и развој на хепатоцелуларен карцином. Исто така допринесува и за извесно опоравување на црниот дроб до одредени граници. Успешно спроведеното лекување ја намалува, одложува или комплетно исклучува потребата од трансплантација на црниот дроб кај овие пациенти.
-„Овие така наречени директно делувачки антивирусни лекови, кои ги добивме како донација од американската невладина организација Direct Relief, се наменети за лекување на пациенти со хронична Ц вирусна инфекција со генотип 1 и 4. Донираната терапија ќе овозможи лекување на околу 200 пациенти кои ке се третиртаат на ЈЗУ Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби и ЈЗУ Клиника за гастроентерохепатологија“, информираше министерот Филипче.
Во Република Македонија се проценува дека бројот на инфицирани со овој вирус се движи околу 1,2-1,5 отсто од популацијата. Досега хроничната Хепатитис Ц вирусна инфекција се третираше со Пегилиран интерферон и Рибавирин, третман чија ефикасност е од 40 проценти до зависно од генотипот, според различни студии. Терапијата е со голем број контраиндикации за нејзина употреба, несакани ефекти, поради кои и третманот не ретко е прекинуван што ги остава пациентите без избор за лекување.
За подобро упатените во здравството од тука се наметнува како прашање, дали некој го кара министерот за здравство Венко Филипче да не троши пари од буџетот на министерството или владата за да се набават ваквите лекови или овие лекови исклучиво мора да бидат набавени барем додека е оваа власт по пат на донација? Дали причината е за да останат повеќе пари за договори во четири очи или да останат повеќе пари за делење, бидејќи сигурно не е за да останат финасиски средства кои би се интегрирале во здравствениот систем на Македонија со што пациентите помалку би плаќале?
Кога нашиот министер за донации ќе престане да се грижи за личните интереси и ќе започне да се грижи за интересите на пациентите? Кога Филипче ќе излезе и ќе даде објаснување на неговите постапки и превзмените чекори со кои штеди преку грбот на пациентите.
Предвидениот буџет за набавка на лекови и опрема за 2018-та година министерот многу слабо го користи дури и воопшто не го користи, што во ситуација кога нема да биде искористен пропаѓа, не дека се префрла за следната година, па ќе има повеќе пари за трошење напротив тоа останува како неизреализиран дел и владата ги пренаменува тие средства во друг сегмент, додека новиот планиран буџет за 2019-та е тој што стои на располагање за здравството за цела престојна година – коментираат по социјалните мрежи граѓаните.