Почитувани,

Здравствениот систем е во тотален хаос. Несомнено, скандалот со вакцините е дно на дното, доказ за аматеризмот и неспособноста на оваа власт.

Министерот за здравство, Венко Филипче и премиерот Зоран Заев во најмала рака се однесуваат скандалозно. Филипче и Заев си поигруваат со здравјето на децата, со здравјето на граѓаните.

Прво, излегува на виделина дека има вакцини со изминат рок. Потоа, излегува министерот Филипче и вели дека вакцините не се со изминат рок, само имаат погрешна декларација. За сега да падне одлука – вакцините да се уништуваат!

Министре, излезете во јавност и објаснете им на граѓаните што правите? Освен лаги и манипулации, грижа за интересите на вашите блиски, се интересирате ли воопшто за нешто друго?!

Зошто, наместо само да го почитувате законот, и веднаш да ги уништите спорните флакони, Вие направивте турска серија од настанот. Човек да се запраша дали навистина промовирате вакцинација или не. Со вашето неадекватно однесување само праќате погрешни пораки, ја зголемувате несигурноста на и така вознемирените родители и правите непоправлива штета на здравствениот систем за кој сте Вие сте одговорен.

Во период на прогласена епидемија на морбили вие создадовте тотален хаос.

Како можевте министре да дозволите, во период кога е прогласена епидемија на морбили, Клиниката за детски болести да не спроведува мерки кои се предвидени со закон.