Денес по медиумите излезе „топ“ вест министерот Филипче на предавање специјално возило на Здравствениот дом Струмица. Имено специјалното возило е донација од Организацијата „Сано“ и со него се зајакнуваат капацитетите на домашната посета на Здравствениот дом во Струмица.
Истовремено при предавање на донацијата се заблагодари и Директорката на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица, Љубица Митева која истакна дека таа е донирана во вистински момент, бидејќи токму во зимскиот период такво возило е најпотребно за да се врши посета на болните.
Ова е една од низата донации со кои секојдневно се фали министерот.
–Инвестиции нема никаде ни за лек. Здравствениот систем е на стаклени нозе бидејќи се гради на база на донации наместо на инвестиции од страна на министерството за здравство, велат упатените.