И покрај тоа што од министерството за здравство на 15-ти Октомври излегоа со официјално соопштение дека нема доцнење во врска со вакцинацијата дека се набавени четиривалентни вакцини против грип, какви што немало набавено до сега. Дека набавката е од фирмата производител „Санофи Пастер“. Освен тоа се посочи дека нема да има доцнење во однос на вакцинацијата има само мало пролонгирање.
Денес да се дознае дека вакцинацијата против сезонски грип, сеуште не е започната, ќе стартува од 1-ви Ноември во центрите за јавно здравје низ републикава.
Остана неодговорено прашањето поставено од јавноста до министерот, прво доцните со вакцинацијата, не образложивте зошто пред пациентите и тие со кревко здравје, што спаѓаат во ранливи категории, второ зошто има само 4000 вакцини обезбедени за граѓаните на главниот град, за Скопје? Зошто за град со големина како Куманово има само 1000 вакцини против сезонскиот грип?
Што ако повеќе од 4000 граѓани на Скопје изразат желба да примат вакцина, од каде ќе се скрати, каде ќе се додаде или колку ќе се чека за нова пратка?
Вакцината против грип е незадолжителна и се дава на доброволна база, но препорачана е за хронично болни и возрасни пациенти.