Поминаа денови по референдумот, сега народот/ пациентите се едногласни дека е време за промени, подобро здравство, подостапни лекови за пациентите, повеќе лекови за ретки болести, соодветни терапии, повеќе денови во месецот да има лекови на рецепт, како и чист, педантен клинички центар каков што заслужуваат сите македонски пациенти.

Додека македонските граѓани и пациенти се надеваат дека нешто ќе се промени во здравството, од другата страна се е исто. Министерот е ист, неговото отсуство од здравството во Македонија е исто, лекови сеуште нема достапни, терапиите се лудост да се добијат со добар квалитет, се купува каде има поголема провизија, се продава на македонските пациенти како да е најдоброто, сведоци се дијабетичарите во Охрид, Струга и пошироко кои сведочат за квалитетот на инсулинот.

Додека Филипче продолжува да агитира и да работи во корист на владата, подржувајќи ги сите нивни каприци, додека продолжува да убедува за влез во ЕУ и НАТО, граѓаните го кажуваат своето мислење за тоа дали Филипче е способен да помогне со вакво здравство да полесно влеземе во ЕУ и НАТО и дали сакаме да влеземе вака во ЕУ и НАТО. Погледнете:

Клиничкиот центар тоне во стотици корпи, килограми смет и отпад, сега освен редовното ѓубре може да се начека и понекој кревет, како и матријали за една мала куќа да се опреми. Филипче е недостапен за нашата редакција да даде одговор на овие прашања, се појавува само на закажани пресови со однапред договорени прашања. Пост референдумски дури го смени и директорот на Малмед, сега е назначен директор од редовите на БЕСА, едноставно тој не смее да изостане во подршката на владата и нејзините превземени постапки.

Во една таква лудост, а за да ги покрие нездравите барања и постапки на владата, министерот изгоре една од докторките кои се потчинети на режимот и владењето на Филипче, во таканаречената изјава за медиумите во одбрана на лубрикантите. Неверојатно е како цела влада ќе направи набавка на лубрикатни во вредност од 950 милиони денари, поточно 1,5 милиони евра и при тоа министерот ќе најде негов поданик доктор кој ќе застане во одбрана со ставот дека лубрикантите се за да не се пренесуваат заразни болести, да не се пренесува СИДА. Д-р Стевановиќ беше изборот на Филипче.

Дали сеуште македонските граѓани мислат и после сето ова дека овој министер со сите негови постапки ќе не однесе во ЕУ и НАТО? Дали македонските граѓани подмачкани со лубрикантите од влада се спремни на ваков недостоинствен и срамен начин да влезат во ЕУ и НАТО? Каде е Филипче да ги објасни неговите постапки, да даде оставка и да им помогне со тоа на македонските пациенти?