Откако срскиот претседател Александар Вучиќ побара Македонците слободно да се вакцинираат во Србија, министерот за здравство Венко Филипче информираше дека започнал преговори за вакцинација. Станува збор за вакцинални пунктови кои ќе бидат со седиште во Ниш или Врање каде македонските граѓани ќе можат да се вакцинираат по избор со една од четирите вакцини кои ги има во Србија: Фајзер, Синофарм, Астра Зенека и Спутник В.

Во текот на изминатиов период македонците во Србија се вакцинираа со вакцината АстраЗенека кој во Македонија не е достапна за они кои се помлади од 60 години.

Министерот Филипче ја оцени изјавата на Вучиќ како чин на добрососедство, а во комуникација со својот колега, Филипче посочи дека се договориле да отворат пункт кој ќе биде во близина на границата со Македонија.

Досега на ново отворената веб страна за ревакцинација се пријавиле околу илјада лица кои се заинтересирани за ревакцинација во Србија.