Правејќи анкета низ клиничкиот центар, можевме да приметиме дека освен тоа што малите депонии растат насекаде, луѓето/пациентите што доаѓаат и си идат се со некако расеан и делумно изгубен поглед.
Проаѓајќи покрај дел од медицинскиот персонал, сестри/болничари, можеше да се осети онаа изгубеност на присутност, како да се некаде таму во просторот и како да немаат допир со реалноста. Граѓаните реагираат и посочуваат дека секој кој има врски и контакти може да се вработи во клинички само ако татко му е лекар или има кој да го „подбутне“. При тоа критериумите за избор се многу ниски, проверки нема никакви и може и да немаш соодветно образование, а сепак да си дел од персоналот на клинички центар.
Освен тоа персоналот што во последната година го прими на работа министерот Филипче, според анкетираните е толку млад и мрзоволен што не да несака да работи туку не сака да збори. Дел од анкетираните посочија дека проблемот лежи во ниските хонорари и плати за тој персонал, па затоа и произлегува таа мрзоволност кај нив. Но, нели министерот Филипче се фали дека тоа го средил, па ако е тоа така зошто персоналот сеуште е неуслужлив, непристапен, груб и непријатен со пациентите, мора да се напомене секоја чест на исклучоците, но ова е сликата што граѓаните за здравство.мк ни ја пренесоа дека владее по одделните клиники низ клиничкиот центар „Мајка Тереза“ .
Проследете ја анкетата што ја направивме и слушнете го мислењето на народот:
Дојдовме до сознание дека дел од персоналот што е примен на клинички има и соодветна историја на лечење по клиники како психијатрија, токсикологија, но тоа не е причина за проверка плус на комисијата при вработување на вакви кадри во клиничкиот центар, каде што дневно поминуваат 3000-5000 пациенти, луѓе, персонал и сите тие при тоа поради партиските вработувања на министерот Филипче се изложени на опасност на некој од недоветните и непроверени при вработување лица да им „пукне“ филмот и некој невин пациент да го изгуби животот, ако тоа веќе не се случило до сега?
Ама и да има таков случај, никој нема да го признае, Филипче ќе биде прв да го заташка делото за да може да си го „испере задникот“. До кога со вакви министри ќе го оставаме здравството, до кога со некомпетентен персонал ќе ги водиме поголемиот дел од клиниките? До кога Филипче? До кога влада? До кога „стручњаци“?
Клинички тоне во смет, дијабетичарите се молат за инсулин, лабораториите за реагенси, пациентите за добар доктор, сестрите за поголема плата секој со својата мака, само Филипче се бори со тендери, местење, преместување, како не фатија, сега да се оправдаме и кој е следниот тендер што може да го наместиме. Такви министри не им требаат на граѓаните, изјавија тие, оставка нека си даде Филипче, да ги остави македонските пациенти во спокој да си го бараат чарето за нивниот проблем!