Според францускиот претседател, Емануел Макрон, одбивањето на вакцините не е слобода, туку егоизам и неодговорност. Макрон навести можност некој пациент во болница да не ја добие потребната нега затоа што лекарите му помагале на друго лице, кое одбило да ја прими вакцината.
– Која е вредноста на вашата слобода, ако ми кажете дека не сакате да се вакцинирате, а утре ќе ги заразите татко ви, мајка ви или мене?, праша Макрон.
Французите се кренаа на бунт. Неколку десетици илјади луѓе протестираа за викендот во Франција, поради одлуката на властите да воведат ковид пасоши и задолжителна вакцинација за работниците во одредени сектори. Слични протести имаше во Велика Британија, Италија и Австралија. Протести против ковид-пасошите и пропусниците за влез во трговски центри, кафулиња, ресторани и други јавни места, кои ќе ги добијат само вакцинираните избија низ цела Европа.