Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах вчера попладне истакна дека очекува ситуацијата со коронавирусот во земјата да се олесни во текот на летото – но не толку како минатата година поради распространетоста на варијантата Омикрон.
– Сезонски, пандемијата ќе опаѓа, рече тој вчера на конференција во Баварија, пренесува ДПА.
Тој предвидува мал број случаи, но не толку низок како минатата година, кога летото беше „речиси без коронавирус“. Според него варијантата Омикрон е премногу заразна за тоа. Летото мора да се искористи за подготовки за есента, кога се очекува нов бран случаи, посочи министерот за здравство.
Лаутербах процени дека сега има веројатно двојно повеќе случаи на коронавирус отколку што се официјално пријавени. Тој, исто така, укажа на постоењето на нови варијанти на вируси, вклучително и подваријанта што циркулира во САД, која се шири многу побрзо од онаа што преовладува во Германија.