Постојат различни видови главоболки кои често погрешно се дијагностицираат, а најчесто исто се третираат. Главоболката може да биде предизвикана од многу причини, како што се замор и дехридатација, но често можат да укажуваат и на посериозни здравствени проблеми.
Д-р Сакиб Куреши, познатиот невролог, објаснува дека главоболките многу често може да се манифестираат со „предупредувачки сигнали со црвени сигнал“ , а за кои треба да се информирате за да можете да ги разликувате од општите главоболки оние кои може да бидат знак за алармантна загриженост.
Повеќето вообичаени видови на главоболки се поделени во четири групи и сите од нив покажуваат нешто во врска со нашето тело. Ако ги научите сигналите, можете ефикасно да научите како да ги третирате главоболките правилно.
Главоболка предизвикана од воспалителни синуси
При воспалени синуси се доживува силна главоболка. Овие болки се последица од инфекцијата и притисокот кој се чусвтвува на образите, очите и челото а може да се појави и треска.
Третман: консумирајте течности колку повеќе можете. Може да правите и инхалации со топла вода кои ќе помогнат да се намали воспалението и да се отворат симусите.
Консумирајте портокали и друга храна богата со витамин Ц или пијте зелен чај со лимон, бидејќи витаминот Ц и антиоксидатите ќе му помогнат на телото да се избори со инфекциите.
Помагаат и менување на ладно-топли облози, зеленчукови супи и свеж ѓумбир кој има моќна анти-воспалителни и својства за намалување на болките.
Тензична болка
Тоа е највообичаениот тип на болка кој се манифестира со постојан притисок или болка околу главата, главно во задниот дел и вратот или рамената.
Покрај тоа, исто така, може да предизвика и болка која зрачи над или под очите. Често ваквата болка предизвикува гадење или повраќање. Се верува дека како резултат на стресот настанува контракција на мускулите од вратот и главата.
Третман: Комбинирајте масло од нане и ѓумбир за намалување на болката. Додадете малку масло од мента на косата со што ќе се предизвика ефект на ладење и релаксација на мускулите во овој дел од главата и вратот.
Исто така, и ѓумбирот доста ефикасно помага во намалување на болката.
Кластер – концентирање на болката
Главоболката може да се појави како остар бодеж во едното око и ова најчесто се случува кај жените. Често се повторува оваа болка, а може да се случи циклично или групно.
Се чини како одеднаш да се појавува силна болка од едната страна на главата со краток, но силен интензитет, а потоа продолжува постојано во наврати.
Значи, може да се доживее назална конгестија, водени очи или капење од носот. Причината тешко се одредува, бидејќи се случува одеднаш штом некои нервни патишта се активирани во основата на мозокот.
Третман: Кремот со капсаицин се нанесува во ноздрата (мала количина) а со тоа ќе се предизвика еден вид бариера на сигналите за нерна болка.
Мигрена
Мигрената обично се јавува на возраст меѓу 25 и 55 години, но и без разлика на возраста секој може да ја доживее. Како пример, само во Америка од мигрена страдаат 38 милиони луѓе.
Овој тип на главоболка е многу покомлициран од другите видови главоболки, бидејќи содржи голем број невролошки симптоми. Мигрената се манифестира со интензивна, мачна болка само на едната страна од главата.
Кај една третина од мигренските напади, болката се јавува на обете страни од главата.
Болката е комбинација од повеќе симптоми: повраќање, вртоглавица, гадење, визуелни нарушувања, екстремна чувствителнсот на светлина, мирис, допир, звук, како и вкочанетост или трнење во лицето.
Третман: голем број пациенти со мигрена почувствувале ослеснување на болката со консумирање на омега-3 масни киселини, витамин Б12 (рибофлавин) и магнезиум.
Вклучете доволни количини од овие витамини и минерали во исхраната, со цел да ја спречите мигрената. Покрај тоа, во согласност со една студија од 2011 година, аеробните вежби можат да бидат многу ефикасни за спречување на овие главоболки како превенција и стопирање на мигрената.
Од таа причина, редовното вежбање може да ги замени лековите за болка.