Три нови случаи на напади на кучиња врз скопјани се пријавени во текот на вчерашниот ден. Во сите три случаи лицата биле повредени.
Според полицискиот билтен, 20-годишниот М.В. синоќа во полициската станица во Гази Баба пријавил дека околу 21 часот додека се движел по улицата „Ташко Караџа“ бил нападнат од куче-скитник кое го каснало во десната потколеница.
Истиот ден во 17.10 часот во полициската станица во Центар од страна на 41-годишната Б.Л било пријавено дека околу 9 часот на улицата Македонија додека се движела со велосипед била нападната од повеќе кучиња скитници од кои едното ја каснало во десната потколеница.