Додека расте бројот на заболени од грип, надлежните само апелираат болните да останат дома и земаат лекови само по препорака на лекар. Надлежните во Хрватска веќе има конкретни мерки забарана за пациенти кои лежат во болници, посебна постапка за болните. Во исто време и проценка дека грипот ќе се шири и во наредните 4 до пет недели.
Во Македонија пак надлежните велат до минатата недела имаше 535 заболени, неделава се регистрирани 20 проценти повеќе или 643 новозаболени со грип и заболувања со симптоми слични на грип. Од министерството за здравство велат дека во споредба со другите оваа сезона има помалку заболени
– Во споредба со другите години оваа сезона се одликува со побавен старт на грипот, иако очекуваме зголемување на бројот на случаи. Високиот процент на позитивни резултати укажува дека сепак вирусот на грип е присутен и циркулира во земјава. Но, реално нема место за вознемиреност кај населението, рече доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.
Надлежните велат и дека вакцината против грип штити од двата типа вируси и дека таа се уште е достапна во Центрите за јавно здравје во Македонија.
Но, со мерките се застанува отприлика тука ако сте здрави може да се вакцинирате, ако сте болни слушајте го лекарот.
Но, нема проценки уште колкав период може да се очекува да се шири грипот, како и посебни мерки за да се спречи раст на бројката на заболени.
Лекарите предупредуваат дека час поскоро треба да се преземат конкретни мерки зошто може да се случи ширње на грипот, па и доаѓање до степен на епидемија како што се случи со морбилите.
-Треба навреме да се реагира и да се спречи бројот на заболени од грип. Тоа е непоходно зошто може да ни се случи нова епидемија, а со оваа со морбилите се дојде до ваква веќе позната ситуација за јавноста поради лоши проценки или лошо менаџирање, предупредуваат лекарите.