Нови 254 случаи на коронавирус се регистрирани во период од 26 декември до 1 јануари, според извештај на Институтот за јавно здравје објавен на 3 јануари. Направени се 2.338 тестирања, а новите случаи се потврдени во 18 градови од кои најголем дел се во Скопје (193).
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години (89). Се забележува зголемување кај сите возрасни групи, со најголемо зголемување кај возрасната група од 0-9 години и 20-29 години.
Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 240 лица во хоспитални услови или на домашно лекување. Пријавени се 99 реинфекции, за 73,7% повеќе во однос на претходната недела (n=57).
Во текот на последната недела (26.12.2022-01.01.2023) не се пријавени починати лица.