Во период од 28 ноември до 4 декември во Македонија регистрирани се нови 195 случаи на коронавирус од 14 градови во земјава, што е зголемување за 12,1% во однос на претходната недела. Тестирани се вкупно 2.633 материјали, што претставува намалување за 6,9% во однос на неделата пред тоа.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=139; 71,3%). Највисока инциденца е
регистрирана во Демир Капија (26,5/100.000), Кавадарци (25,3/100.000), Гевгелија
(23,2/100.000) и Скопје (22,9/100.000).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени кај возрасната група над 60 години (78).

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 152 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, 10,6% помалку во споредба со минатата недела. Во текот на минатата недела пријавени се 66 реинфекции, за 34,7% повеќе во однос на претходната недела. Не се пријавени починати лица.

Регистрирано е зголемување на инциденцата во последните две недели во 7 градови, со најголемо зголемување во Неготино и Струмица.