На почетокот на пандемијата на коронавирусот, симптомите на кои требаше да се внимава беа губење на чувството за вкус, отежнато дишење и треска, но оттогаш типичните симптоми на Ковид целосно се променија.

Главните симптоми беа генерално слични без оглед на статусот на вакцинација, според студијата на Zoe Health, долгорочен истражувачки проект што го следи вирусот преку апликацијата Covid Symptoms Tracker. Преку апликацијата, учесниците сами го пријавуваат своето искуство со Ковид-19. Последната листа објавена на 20 октомври укажува дека „симптомите се менуваат со развојот на варијанти на вируси“.

Четири од петте главни симптоми на Ковид-19 биле исти за учесниците кои примиле две дози од вакцината, една доза од вакцината и оние кои не биле вакцинирани, според студијата. Тие симптоми биле: главоболка, постојана кашлица, болки во грлото и течење на носот.

Сепак, главните симптоми се разликуваат во рангирањето за секоја група на статус на вакцинација, покажала студијата. Покрај тоа, секоја група пријавила различен симптом на Ковид-19. За оние кои примиле две дози од вакцината Ковид-19, затнатиот нос бил вклучен во првите пет симптоми, додека не бил во првите пет за другите групи.

Рангирањето на првите пет симптоми за групата луѓе кои примиле две дози од вакцината, според студијата:

– болка во грлото

– течење на носот

– затнат нос

– постојана кашлица

– главоболка

Претходно, губењето на чувството за вкус, отежнато дишење и треска се сметаа за почести симптоми на Ковид-19 за оние кои се вакцинирани со две дози од вакцината, според истражувањето.

Во групата пациенти кои примиле единечна доза од вакцината, кивањето било вклучено во петте главни симптоми на групата, но не и во другите две групи. Во таа група доминираа овие пет симптоми:

– главоболка

– течење на носот

– болка во грлото

– кивање

– постојана кашлица

Во групата на невакцинирани учесници, тие пријавиле треска почесто од другите групи, според истражувањето. Како резултат на тоа, треската беше меѓу првите пет најчести симптоми кај луѓето кои не примиле вакцина против Ковид-19. Пет најчести симптоми за оние кои не биле вакцинирани, според истражувањето:

– главоболка

– болка во грлото

– течење на носот

– треска

– постојана кашлица

Студијата се засноваше на дневни извештаи на пациенти и не ги зема предвид варијантите на Ковид-19 или демографијата на учесниците, според Zoe Health.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), има многу други симптоми на ковид-19, вклучувајќи замор, гадење, болки во телото и многу повеќе. Некои луѓе кои биле заразени со коронавирус се соочуваат со продолжен ковид, кога симптомите на вирусот траат подолго од почетната инфекција, објавуваат светските медиуми. Истражувањето на ЦДЦ објавено во мај покажало дека околу еден од пет возрасни може да развие барем еден траен симптом на Ковид по инфекцијата.