Министерот за здравство на Италија, Роберто Сперанза, соопшти дека ја достигнале целта поставена од Валдата на Рим за администрација на половина милион вакцини на ден. На својот фејсбук профил министерот за здравство напиша:
– Вчера администриравме 500.000 дози вакцини.
Во исто време, тој им се заблагодари на мажите и жените вработени во националната здравствена служба и сите институции за големите напори и тимската работа.
– Вакцината е вистинскиот начин да се излезе од овие месеци кои беа толку тешки, додаде Сперанза.
Инаку во текот на изминатото деноноќие во Италија се регистрирани нови 14 314 случаи, а вкупниот број на дијагностицирани случаи во текот на последниве две недели достигна 183 052 лица. Според Worldometer во Италија битката со коронавирусот ја загубија вкупно 120 807 лица, а бројот на активни случаи изнесува 436 170 лица.