Кај матичните лекари преку „Мој термин“ ќе се закажува тестирање за коронавирус

Од денеска во функција е Кол-центарот во Здравствениот дом во Скопје со цел да се зголеми капацитетот на телефонските линии, на кои ќе можат да се јавуваат граѓаните, а од…

Од денеска во функција е Кол-центарот во Здравствениот дом во Скопје со цел да се зголеми капацитетот на телефонските линии, на кои ќе можат да се јавуваат граѓаните, а од понеделник ќе функционираат и двата пункта во поликлиниките во „Јане Сандански“ и „Чаир“ за земање на брисеви за тестирање за коронавирус. Исто така, од понеделник закажување за тестирање ќе може да се прави и преку матичните лекари, преку системот „Мој термин“, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

-Денеска заврши координативниот состанок со Здружението на матичните лекари кои ќе бидат вклучени во системот на закажување преку системот „Мој термин“, а после јавување на нивните веќе пациенти кои ги избрале за матичен лекар. Тоа значи, дека од понеделник освен телефонските линии за информации во центрите за јавно здравје во Кол-центарот во Здравствен Дом Скопје пациентите ќе можат да се јават и кај матичните лекари за да се закаже земање материјал во двата пункта доколку се постави индикција според електронскиот алгоритам којшто матичните лекари дотогаш ќе го имаат, појасни Филипче.

Здравствените работници, според него, се целосно мобилизирани, во секоја здравствена установа е направен систем на ротација на лекарите, се третираат само итните и малигните случаи. Се прават распореди на стручните колегиуми за текот на денот, за начинот на којшто ќе се прави проценка и спроведување на оперативните програми.


Related Articles