Ако многу сте ослабнале, а и понатаму се чувствувате трапаво, неспретно, литаво, виновник може да е вашата лабава кожа. Повелете неколку совети од упатени лица како да ја спречите оваа појава. Редовна хидратација. Здрава кожа е хидрираната кожа, бидејќи водата ги исфрлува токсините од организмот, што многу брзо ќе се забележи на вашиот тен. Осум чаши вода дневно ќе направат огромна разлика!
Протеини од помалку мрсно месо. Протеините овозможуваат градење на мускулната маса, па вашето тело ќе биде позатегнато. Но, посните меса, исто така, содржат колаген и мноштво други нутриенти кои на кожата ѝ даваат еластичност. Јајцата, исто така, се препорачуваат, бидејќи содржат витамин Е и изобилство од други нутриенти.
Бадемово масло. Ако ви е потребен добар препарат за хидратација и нега на кожата која ќе ги ублажи стриите, бадемовото масло е совршен избор за вас. Само една лажица масло дневно, нанесено на критичните места, ќе ја направи вашата кожа помека и затегната.
Минерален пилинг. Пилингот од минерални соли (како и купките) ја подобруваат циркулацијата, со самото тоа и побрзо ја обновуваат кожата, која ќе биде поздрава и поеластична. Добар пилинг 3-4 пати неделно може да направи чуда за кожата.