Медот содржи многу природни состојки кои можат да му помогнат на вашето тело во борбата против бактерии и инфекции, како и во враќањето на влажноста на вашата кожа и враќањето на природниот сјај. Овие едноставни трикови со мед не само што ќе ви заштедат пари, туку и ќе ви го олеснат секојдневието.
- Третман против акни
Поради своите антимикробни својства и бројни антиоксиданси, медот е одличен како третман за акни – помага кожата да оздрави и го спречува понатамошното ширење и инфицирање. Се што мора да направите е да го измиете лицето, нанесете малку мед на памук и намачкајте го зафатеното подрачје. По 20 до 30 минути измијте го со топла вода.
- Балсам за усни
Едноставен трик за испукани усни кој можете да го подготвите сами. Оваа варијанта е подобра од купечки балсам, поради тоа што е потполно природен, нема никакви вештачки состојки кои го намалуваат ефектот на медот.
- Маска за коса
Медот е одлична состојка во маските за оштетена коса, бидејќи на природен начин ја враќа влажноста. Можете да помешате половина шолја мед и половина шолја кокосово масло. Нанесете ја маската на мокра коса и оставете ја 10-15 минути, потоа измијте ја и уживајте во меката коса на која ќе и биде вратена природната влажност.
- Лек за болно грло
Постојат многу начини со кои можете да ја намалите болката во грлото, но медот треба да биде вашиот прв избор. Не само што ги убива бактериите, туку и создава заштита на вашето грло. Можете да го помешате со чај и лимон и природно да се ослободите од болката.
- Помош при изгореници од сонце
Земете една лажичка мед и нанесете ја на изгорениот дел на кожата. Медот помага кожата да оздрави и да го намали можното лупење на кожата по сончањето. Доколку сакате да го забрзате тој процес помешајте го медот со малку алое вера.
- Природен лек против несоница
Сировиот мед го големува нивото на мелатонин во вашето тело. Како резултат на тоа, телото е смирува и полесно заспивате. Испијте половина чаша топло млеко со 2 лажички мед, и тоа 3 денови во неделата. Тоа ќе ви помогне да го вратите сонот и во исто време да го намалите нивото на стрес.