3 200 нови работни места ќе се отворат во јавното здравство. Вака барем најавува министерот Венко Филипче според кој еден од проблемите во јавното здравство беше и недостигот на доктори од повеќе специјалности како и медицински сестри, и медицински персонал
„Покрај фактот дека државата се соочува со недостиг на медицински кадар, голем проблем претставува и недостигот на ментори за одредени специјалности се размислува за повеќе модели, меѓу другото и за тоа како да се задржат постарите доктори на работа, за да ги едуцираат нивните помлади колеги . Токму како резултат на лоцирање на овој реален проблем – она што изминатиот период направивме на план на зајакнување на кадарот е отворање 3.200 нови работни места во јавното здравство“ – посочува Филипче
Македонија со години наназад има масовна појава на лекари и медицински персонал кои заминуваат или во приватното здравство или надвор, поради повисоките плати и можности за напредување во професијата. Ни се случува лекарски егзодус а дали новите работни места и платите ќе бидат мотив здравствените работници да му дадат шанса на македонското здравство и Филипче уште еднаш ќе оставиме да покаже времето.
Не се прашува министерот Филипче, дали неговите неисполнувања на ветувања, играње мајтап со медицинскиот персонал и докторите, ветувања неисполнети за специјализантите, зголемување на паркингот, негрижата за пациентите, негрижата за клиниките, геенрално негрижата за здравството во целост, дали тоа е можеби причината за немањето на персонал и доктори или тоа е недостатокот на работни места?
Министре Филипче, работни места има, нема кадар, нема кој да дојде на тие работни места, сите ги избркавте – посочува јавноста!