Медицинските сестри, акушерки и останатиот персонал од Унијата на медицински сестри, акушерки и техничари преку медиумите најавија посета во текот на денешниот ден кај министерот за здравство Венко Филипче, со цел да добијат одговори дали воопшто ќе имаат работа доколку докторот концесионер повеќе не работи во ординацијата.
Овој месец уште седум сестри останале без работа, поради пензионирање или смрт на докторот каде работеле.
Медицинските сестри прашуваат зошто нивното искуство и знаење не е вреднувано, а има истовремено се говори дека има дефицит на овој персонал. Исто така реагираат дека медицинските сестри се уште не го добиле зголемувањето на платите за овој месец заедно со докторите.
Иднината на сестрите кои работеле кај доктори концесионери треба да се реши со законот за здравствена заштита што се уште е во собраниска процедура.