При користење на клима уред, важно е да не правите „фрижидер“ од вашиот стан, канцеларија или автомобил.
Разликата меѓу температурата во просторијата и надворешната температура не треба да биде поголема од 10 Целзиусови степени, идеално е пет степени поладна просторија.
Но, ова правило не важи ако надвор е 40 степени, како деновиве. Тогаш температурата се поставува меѓу 21 и 26 степени. Под 21 степен веќе се екстремно ниски температури, кои не се добри за здравјето.
Посебно треба да се внимава при влегување и излегување од топло на ладно и обратно.
Кога се излегува на отворено, треба да се исклучи климата и да се почека 10 минути, па да се излезе надвор. Обратно, кога се влегува дома, да не се вклучува веднаш клима, туку да се почека 10 минути за телото да се стабилизира.