Морам да кажам дека ние наследивме еден систем кој што генерално платите беа многу мали. Кога ќе ги споредиме платите на здравствените работници насекаде во регионот да не зборуваме за развиените земји. Ние сме на дното. Бевме на дното. И заради тоа оваа влада одлучи дека треба една од најголемите инвестиции да ја направи во платите на здравствените работници. И во таа смисла се инвестираше огромна сума на пари. Најпрвин во текот на оваа година 2018 за прв пат плата за својата работа добија специјализантите кои што до тогаш работеа апсолутно бесплатно. Понатаму преку дежурствата значајно се зголемија примањата на сите здравствени работници, и на докторите и на медицинските сестри, изјави Филипче при вчерашното гостување на „Економски магазин“.
Додека Филипче раскажуваше приказни за мали деца на емисија, здравствените работници денеска се дигнаа на протест не само за паркингот туку и за платите кои наводно Филипче раскажува дека се зголемиле на значајно ниво.
Денеска од 10 часот до 10:30 трет ден на хелиодром Клинички ќе протестира.
Имено една од здравствените работници на социјална мрежа пиша дека Паркингот на Клинички ја преполни чашата со наталожените проблеми со кои што се соочува Клинички, затоа јавно ќе побараат итно решавање на проблемите во јавното здравство, за паркингот но исто така да се започнат преговори за покачување на платите на вработените во Клинички и тоа под итно.
Изгледа дека министерот само сака да кажува лаги, и да се фали со нешто што не сработил. Но сепак неговите лаги секој ден излегуваат на виделина. Револтот кај здравствените работници и со право расте. Бидејќи додека министерот со розеви очила си ги полни џебовите со пари, здравствените работници работат за ич пари и во катастрофални услови.