Речиси и да нема период од годинава кога алергиите не ги мачат граѓаните. Алергии има многу видови како на пример убод од оса, алергија на лекови, храна, инхалаторни алергени. Анализите на лекарите алерголози велат дека секој трети или четврти Македонец боледува од некој вид алергија. Се работи за модерно заболување од кое имаат проблеми и бебиња и највозрасни лица, но најголемиот процент речиси над 60% од заболените се млади лица.
Август и септември се месеци кога цвета амброзијата која предизвикува одредена врста на алергии, особено кај лица кои не можат да го поднесат цветањето, односно поленот на ова растение. Статистиката вели дека околу 10 проценти од светската популација покажува алергиски реакции токму на поленот од ова растение.
Од Клиниката за пулмологија и алергологија вели дека во земјава сè поголем број на граѓани имаат проблеми со алергија и тоа на полен и на домашна прашина. За да се заштитат тие земаат превентивна терапија или симптоматска. Терапијата се препишува од страна на лекар специјалист и таа зависи за каков вид на алергија е наменета.
Реакциите можат да бидат на очите како конјуктивитис, на носот, алергиски ринитис, на плунката како астма, или пак алергија на кожата, алергиски дерматит или алергија на стомакот. Европскиот епицентар на амброзија е концентриран во неколку држави, и тоа Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Унгарија. Токму затоа секоја година во август и септември од 15 до 25 проценти од граѓаните од континенталниот дел на Хрватска и имаат проблеми со алергија и алергиски ринитис.
Малкумина знаат дека амброзијата е едногодишна билка плевел која расте во континенталните делови. Достигнува висина од половина до метар и половина, а нејзините листови имаат јајцеста форма. Цвета на крајот на летото – почетокот на есента и произведува големо количество на полен и затоа се смета дека овој полен во овој период е најмногу присутен во воздухот. Заради специфичниот хемиски состав влијае на дишните патишта.
Топлото време, влагата и ветерот дополнително придонесуваат ширење на оваа билка. Таа расте во рурални средини, но и во урбаните таму каде што има напуштени реони.
-Најмногу концентрацијата на поленот на амброзија е во периодот од десет часот наутро до три часот попладне. Дождот и ниската утринска температура предизвикуваат да се шири поленот. Поленот од амброзија може да патува и до 50 километри и три километри во висина – објаснуваат лекарите.
Се препорачува да не се сушат алишта на отворено во периодот од 10 до 18 часот оти тие го впиваат поленот кој во овој период има најголема концентрација во воздухот. Во истиот временски период се препорачува и во домовите да се затвораат прозорците, а доколку се има миленичиња тие да се чешлаат надвор за да не го внесуваат поленот во домовите.
За пациентот е многу значајно навреме да се открие оваа алергија, за да можат тегобите да се олеснат и да се спречат и затоа се препорачува употреба на превентивни лекови. Како што се антихистаминици и локални кортикостероидни препарати. Нивното искуство покажало дека на алергиите обично реагираат лица кои имаат осетлив имунолошки систем.
Еден од советите е често плакнење на лицето, миење на косата бидејќи во неа се собира големо количество полен кој се внесува во домот и постелата. Се препорачува и проветрување на домовите во раните утрински часови кога концентрациите на полен се пониски. Алергиите се лепат и на облеката, затоа алергичните лица треба почесто да ја менуваат гардеробата, но и постелнината.