Грицки

Најразличните видови на грицки се произведени од рафинирани јаглехидрати, кои се претвораат во шеќери и така стануваат извор на храна за бактериите кои ги обојуваат забите.

Кисели краставички

Ова е лоша вест за љубителите на овој кисел вкус. Токму киселината од краставиците може да го наруши забниот плак и да предизвика промена на бојата на забите.

Кафе и чај

Љубителите на кафе и чај би можеле да завршат со жолти заби, а тоа посебно важи за оние што претеруваат во уживањето на овие омилени пијалаци.

Сос од домати

Доматите со својата киселина, но и интензивна боја можат да предизвикаат потемнување и ерозија на забите.