Пред околу пет часа на официјалната фејсбук страна на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот доктор Игор Николов на Премиерот Зоран Заев му порача да се фати за работа и да донесе вакцини, бидејќи вакцини во државава нема. Премиерот Заев во изјава за медиумите кажал дека се води сметка за набавката за вакцини за да не добиеме повеќе отколку што ни се потребни. Оттука следи и пораката на доктор Николов дека приоритет е да се обезбеди популацијата со вакцини, а не да се лаже дека се има план за вакцинација.
Во продолжение ви го пренесуваме објавениот пост на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во целост:
– Наместо да се растрча и да ја обезбеди популацијата со вакцини, Заев прави трикови во стилот на “Итар Пејо”. Заев не е загрижен што нема вакцини, бил загрижен да не добиеме демек повеќе. Срамно!
– Во моментов се вакцинира само дел од медицинскиот персонал, а треба што повеќе. Треба да се заштитат и ризичните групи, хроничните болни, сите останати што се загрозени. Понатаму, треба да се вакцинираат, постарите од 75 години па дури и оние од 65-75 години кои имаат или немаат коморбидитети. Вакцини нема, а тој кажува (лаже) дека имал план.
– Фатете се работа! Донесете вакцини!, посочуваат од Комисијата.