Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ денес на својата фејсбук страница објави статус на кој посочува дека членовите на Комисијата за заразни болести активно го шират вирусот и носат одлуки под директно влијание на економист експерт по комерција. Во продолжение го пренесуваме статусот во целост:
-„Македонија веројатно е единствената земја каде што директорите на Клиники назначени од Министерот за здравство како Директорката на Кожна и Очна клиника, имаа големо учество во рспространување и ширењето на вирусот Корона.
Дополнително, веројатно сме единствена земја и каде што членови на Комисијата за заразни болести активно го шират вирусот и носат одлуки за мерки кои ги менуваат под директно влијание и диктат на економист експерт по комерција.
Потребно е добро да се провери и проветри составот на Комисијата за заразни болести, дали таму има воопшто и колку од нив се професори на некој од медицинските факултети во земјава.
На сликиве убаво го гледаме Венко Филипче како без заштита им објаснува на новинарите, директорката на Инфективна клиника која без ракавици дели брошури и маски на партиски собир на СДСМ, а директорот на Детска болница Козле организира журки кај него во канцеларија со екипата.“