Германската компанија DMG која е специјализирана за стоматолошки производи, развила безболен третман преку кој ширењето на кариесот се спречува од еден обид.
Методот се состои во премачкување на деловите зафатени со кариес со специјална смола која се проширува преку капиларите.
На тој начин се спречува проширувањето на почетниот кариес.
Кариесот е најчесто современо заболување, а неговиот причинител се бактериите кои произведуваат киселина која е одговорна за прогресивно уништување на забите.
Новиот метод на лечење на кариес со инфилтрација го блокира продорот на киселината која влијае на негово ширење.