Зимскиот период е сезона на загаден воздух со кој се соочува поголем дел од Балканот, особено поголемите градови, каде има висока концентрација на ПМ 2,5 и ПМ 10 честичкиПовеќе градови на Балканот се соочуваат со алармантно високи концентрации на ПМ10 и ПМ2.5 честички. Ова големо загадување на воздухот е исклучително штетно за човековото здравје.
Штетните влијанија на загадениот воздух се големи и предизвикуваат низа респираторни заболувања, загадување на крвта, таложење на ПМ2.5 честички во белодробните алвеоли и уште многу други. Затоа е и сосема очекувано прашањето дали постои некој витамин, суплемент или храна која може да го намали ова штетно дејство?
Повеќе клинички истражувања од последните неколку години покажале дека витамините од групата Б делумно ги ублажуваат негативните ефекти од загадениот воздух, особено суплементите кои содржат фолна киселина и витамини Б6 и Б12.
Благодарение на ова сознание, истражувањето продолжува во таа насока, за да може да се донесе заклучок колкава количина е потребна и колку често треба да се внесува витамин Б како додаток во исхрана.
Но, важно е да се напомене дека внесот на витамини и минерали не е решение за овој глобален проблем, кој е секојдневна закана за човештвото. Резултатите од истражувањето може само малку да помогнат во индивидуалната борба против штетните ефекти на загадувањето.