Направени се 3.512 тестирања, а регистрирани се 467 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 245, Куманово – 47, Велес – 27, Прилеп – 21, Кавадарци – 17, Кичево – 13, Кочани – 12, Битола – 11, Крива Паланка – 9, Охрид – 8, Тетово и Струмица – по 6, Штип, Радовиш и Валандово – по 5, Кратово и Крушево – по 4, Гостивар, Гевгелија и Демир Хисар – по 3, Неготино, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод – по 2, Струга, Свети Николе, Берово, Богданци и Македонска Каменица – по 1, информираат од министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа.
Регистрирани се 496 оздравени пациенти од: Скопје – 269, Куманово – 51, Струмица – 23, Велес – 21, Прилеп – 20, Битола и Тетово – по 15, Штип – 14, Кавадарци и Кичево – по 11, Радовиш, Гостивар и Свети Николе – по 6, Крива Паланка, Гевгелија и Виница – по 4, Пробиштип и Ресен – по 3, Кочани и Делчево – по 2, Охрид , Валандово, Неготино, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 5 починати лица од Скопје (73г, 72г, 70г, 61г и 57г), по 2 починати лица од Тетово (88г и 72г) и Кратово (73г и 66г), по едно починато лице од Демир Капија (69г), Прилеп (90г), Радовиш (55г) и Штип (74г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 9 починати лица, со датум на смрт од 08.09.2021 до 28.09.2021 година. Починатите лица се од по 2 починати лица од Гостивар ,Струмица и Тетово, и по едно починато лице од Скопје, Струга и Кавадарци, на возраст од 64 до 86 години, од пријавените лица 5 се починати во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.282.666 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.463 бројката на оздравени пациенти е 171.871, на починати е 6.630, а бројот на активни случаи изнесува 11.962