Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.411 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 8, Куманово – 5, Кочани – 2, Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 1.
Регистрирани се 31 оздравен пациент од: Скопје – 11, Виница – 3, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Кичево – по 2, Струмица, Крива Паланка и Радовиш – по 1.
Пријавено е 1 починато лице: од Скопје (61г), починато во болнички услови.
Направени се 2.411 тестови преку: ИЈЗ-148, ЦЈЗ Скопје-49, ЦЈЗ Битола-50, ЦЈЗ Прилеп-36, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 1, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–32, МАНУ-56, Жан Митрев (Филип Втори)-158, Авицена-177, Биотек-304, Систина-129, лабораторија Лаор-226, Синлаб-19, Ремедика-81, Плодност–50, Генеа–50, Никоб лаб-202, ВФВ Медикал-37, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 526.
Досега во земјата се направени вкупно 823.776 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.487, бројката на оздравени пациенти е 149.582, на починати е 5.468, а бројот на активни случаи изнесува 437.