Сабајле е, а ти нетрпеливо ги облекуваш омилените фармерки. Но, постои само еден мал проблем – твојот стомак е толку отечен што тешко ги закопчуваш фармерките . Дали ви звучи познато?
Еве 6 совети кои ќе ја спречат надуеноста и ќе ве ослободат од тежината во стомакот.
Конзумирајте храна која е богата со калиум
Овој минерал ќе ги регулира течностите во вашето тело. Храна богата со калиум е: банана, диња, манго, спанаќ, домати, ореви и аспарагус.
Без јаглени хидрати во вечерните часови
Скробот доведува до подуеност. Избегнувајте јадење леб и тестенини во вечерните часови, бидејќи тие можат да го направат вашето тело да ја задржува водата.
Без газирани пијалоци
Меурчињата во газирани пијалаци ќе предизвикаат отекување на стомакот. Најдобро е да пиете вода или домашни сокови.
Без вештачки засладувачи
Органот на некои луѓе тешко ги вари вештачките засладувачи како што е сорбитолот кој е содржан во многу слатки задоволства и гуми за џвакање. Сорбитолот може да предизвика гас, па дури и дијареа.
Оние денови од месецот
Ако вашиот стомак се дува пред и за време на циклус, зголемете го внесот на калциум – 1.200 mg дневно и магнезиум – 200-400 mg на ден. Двете хранливи материи се покажале дека ги ублажат симптомите на ПМС.
Не избегнувајте магдонос
Додадете свеж магдонос на вашето јадење и уживајте во рамниот стомак