Оревите се познати по своите лековити својства, навистина се единствени поради самиот факт дека од нив може да се искористи и лушпата и плодот и листовите.

Народната медицина некогаш ги користи сите делови на оревот од јадрото до листот при приготвување на разни тинтури и препарати. Нивната употреба мора секогаш да биде внимателна поради содржината на јодот.

Третман

Во супермаркетите оревите се продаваат исчистени од лушпа. Оние темнокафеави прегради кои се наоѓаат заедно со плодот, навистина се “суво злато”. За да ги пронајдете, мора сами да го искршите оревот и да го исчистите, а тие меки прегради помеѓу јатките да ги издвоите.

Овие прегради кои се наоѓаат во внатрешноста на оревот изобилуваат со јод, исто како и целиот орев. Лицата кои патат од недостиг на јод се луѓе кои најчесто поминуваат во затворен простор, како што се канцелариски луѓе, лица со нарушен имунитет и ослабен организам, стари лица..

Секогаш не е можно да се добие дневна доза јоф од исхраната, па затоа додатокот кај овие луѓе е многу важен.

Напитокот кој се приготвува од кафеавите прегради на оревот, му ја враќа на телото потребната доза од јод.

Ставете ги преградите заедно со водата на оган за да зоврие, а откако ќе зоврие намалете на тивко и варете уште 10 минути.

Кога чајот ќе излади, добро процедете го па складирајте го во тегла и чувајте во фрижидер.

Овој напиток користете го 5 до 10 минути пред јадење, трипати дневно, но само по една голтка.

Пред користење посоветувајте се со вашиот лекар.

Освеш што го надополнува недостигот од јод, овој чај помага и за слабеење, бидејќи е вистински “лек” за вишокот килограми.

Покрај тоа помага во јакнење на имунитетот, средување на нервниот систем, ослободување од прекумерна нервоза и раздразливост, а помага и при несоница.

Овој напиток може да се користи и како лосион кој лекува конјуктивитис , бидејќи содржи антибактериски својства.

Тинктура за лекување рак

Преградите од орев може да ги користите и за приготвување на лековити тинктури. Па така, за лекување на мастопатија и рак се препорачуваат прегради од 25 ореви да се прелијат со 200 мл 70% алкохол. Сето тоа се става во стаклена тегла, се затвора и се остава на темно место 7 дена. Потоа се пие трипати дневно, растворувајќи 15-20 капки во половина чаша вода.

За дијареа или опстинација

За да излекувате запек или дијареа, како и за смирување на нервите, тинтурата пригответе ја на следниот начин:

1 полна лажица прегради од орев прелијте со 200 мл обична ракија. Оставете да одлежи на темно во текот на 2 седмици. На секој два дена протресувајте ја теглата. Процедете го точно после 14 дена и пијте по една мала лажичка, 2 до 3 пати днавно. Третманот обично трае две седмици.