Регулаторот на Европската унија за лекови денеска го одобри лекот против Ковид-19 на Фајзер за лекување возрасни лица изложени на ризик од тешка болест. Условното одобрување на Европската агенција за лекови (ЕМА) им дозволува на земјите-членки на ЕУ да го воведат лекот откако регулаторот даде упатства за негова итна употреба кон крајот на минатата година.
Италија, Германија и Белгија се меѓу ретките земји од ЕУ кои го купија лекот наречен Паксловид. Соединетите Американски Држави во декември ги одобрија Паксловид и Мерк, кои се слични на лекот Молнупиравир. Лекот Мерк исто така се разгледува во ЕУ, но потребно е повеќе време да се одобри бидејќи компанијата ги ревидираше податоците од тестовите во ноември велејќи дека лекот е значително помалку ефикасен отколку што се мислеше.
Овие орални лекови, особено оние на Фајзер, се сметаат за ветувачки нови опции за третман што може да се земаат дома на почетокот на симптомите на Ковид-19 за да се спречат хоспитализација и смртни случаи. Според податоците од клиничкото испитување на компанијата, Паксловид е антивирусен режим со два лека, речиси 90 отсто ефикасен во спречувањето на хоспитализација и смрт на пациенти со висок ризик за тешки болести.
Неодамнешните лабораториски податоци укажуваат дека лекот ја задржал својата ефикасност против варијантата Омикрон.