Пациентките кои доаѓаат на акушерското одделение за породување, задолжително со себе да донесат извод од венчаните, е текстот на известувањето на Општата болница во Струмица кое предизвика бурни реакции во јавноста.
Оттако се појави фотографија на социјалните мрежи, не стивнаа критичките коментари со оценка дека станува збор за дискриминирачки однос на струмичка гинекологија.
Но, од болницата ги отфрлаат ваквите тврдења. Велат дека станува збор за несреќно избран текст кој се однесува на проектот „Добредојде бебе“ во кој секоја родилка во рок од 36 часа добива извод од матичната книга на родени за своето новороденче. Директорот Наќе Гогов напоменува дека ниедна родилка не била вратена назад.
Штом дојде родилката и пораѓањето биде завршени, бебето се пријавува тука преку матичната служба. Нема промени во смисла да не се примаат родилките што немаат документи. Завршува раѓањето и после се добива извод што е големо олеснување. Само текстот е сфатен погрешно, и може така изгледа погрешна интерпретација. Дека оној што нема извод од венчани нема да бидат примени или породени. Тоа никојпат не се случило и нема да се случи, изјави директорот на Општата болница во Струмица, Наќе Гогов.
Немајќи попаметна работа некои граѓани почнуваат да ги толкуваат обичните работи на необичен начин. Не дека министерот Филипче доколку сака во ваквите известувања може и да помогне, бидејќи ПР секторот што го чува при министерството за здравство не е само да излегува и на новинарските екипи да им кажува и да ги залажува дека ќе добијат интервју од министерот и потоа истото никогаш да не се случи.
Истите тие лица имаат и одговорност кога станува збор за некаква кампања, дали е „Добредојде бебе“ или некоја друга слична на неа да имаат официјално спремен текст кој ќе биде доставен до сите здравствени институции инволвирани во кампањата и при тоа нема да се доаѓа до „вакви“ несакани состојби и ситуации. Ама како може да ги организира министерот сите овие работи кога тој има побитни, министерски, тендерски, зар не? – посочија граѓаните