Последната анализа која ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци на Програмата за развој на ОН (УНДП), покаува дека граѓаните на Македонија и Бугарија имаат најкус очекуван животен век во однос на земјите во регионот, а се ниско позиционирани и на европската листа.

Очекуваниот животен век на Бугарите е 74,9 години, а на Македонците 75,7. Следуваат Србите и Албанците со 75,8 години, Црногорците со 76,8, жителите на Босна и Херцеговина со 77,3 и Хрватите со 78,3 години. Најдолговечни во регионот се Грците чиј очекуван животен век е 82,1 година.

Во Европа најкус животен век имаат Украинците 72 и Русите 72,4 години. Најдолго, пак, живеат Италијанците 83,6, Шпанците и Швајцарците 83,4 години.

„Landgeist“ забележува дека има прилично голема разлика во очекуваниот животен век на луѓето во Западна и во Источна Европа. Посочува и дека гледано по региони најкратко живее населението во северозападна Бугарија 69,7 години и во јужна и источна Србија 71,9 години. Најдолг животен век имаат луѓето во италијанскиот регион Тичино 85,7 и во шпанскиот Мадрид 85,4 години.