Утринава во 8.00 часот во спортската сала Чаир во Белград, започна ревакцинацијата на македонските државјани кои кон крајот на март ја примија првата доза од вакцината Астра Зенека. Во текот на денешниот и утрешниот ден ќе се ревакцинираат најголемиот дел од 15-те илјади македонци, а ќе се ревакцинираат и странски државјани, најмногу од БИХ. На Белградскиот саем веќе се имаат имунизирано 2500 лица од регионот, а како што најавија од таму, денеска очекуваат 8000, а утре 5000 странски државјани.
-Водечките луѓе во земјата направија извонреден дипломатски потег. Србија подаде рака на пријателство кон регионот, ги избриша границите и покажа дека сите се бориме против заедничкиот непријател. На крајот на март, повеќе од 22.000 странски државјани беа вакцинирани во Србија, а на Белградски саем над 12.000. Од тогаш поминаа 12 недели и дојде време за повторна вакцинација, изјави Д-р Зоран Бекиќ, директор на вакциналниот пункт на саемот.
Паралелно на Саемот, како што соопшти Бекиќ, се одвива и вакцинацијата со првите дози, исклучиво за граѓаните на Србија, Македонија и БиХ. Македонските државјани кои можат да се ревакцинраат викендов во Србија само во градот каде ја примиле првата доза, денеска и утре се ревакцинираат и во Ниш, во салата Чаир, а термин за повторна вакцинација имаат 5.700 македонски граѓани.
Според директорот на Здравствениот дом во Ниш, Милорад Јеркан, сите кои во Ниш ја примиле првата доза ќе моажат да ја примат и втората доза.
-Нека не се грижат, во Ниш веќе се набавени и има вкупно 6.500 дози на Астра Зенека за македонските граѓани, кажа Јеркан, кој додаде дека луѓето не треба да брзаат и дека до вторник можат да дојдат во Ниш да ја примат вакцината.
Според статистиката на Здравствениот дом во Врање, во петокот на македонските граѓани им биле дадени 422 дози вакцини против коронавирус. Во овој град до четврток, 17 јуни вкупно се вакцинирани 7.088 граѓани на Македонија.