Приватните лекари кои имаат договор со ФЗОМ, протестираа денеска по половина час пред подрачните единици на ФЗОМ во повеќе градови во државата. Причина за протестот е незадоволството од предлог договорот со Фондот, како и големата казнена политика. Според информации на НОВА,преговарачкиот тим кој утринава бил во ФЗОМ, го напуштил состанокот незадолен од текот на преговорите.
„Добивме најлош предлог договор до сега за наредните пет години. Ги прашуваме здравствените власти дали им требаат лекари или не. Над 1200 лекари заминаа во последните седум години, останаа 1533. Во земјите од ЕУ за семејните лекари се нудат плати од 6000 евра, а за медицинска сестра 2500 евра. Дали треба сите да ја напуштиме државата“, изјави Лилјана Чолакова Дервишова претседател на здружение на приватни лекари.
Таа вели дека одржале многу состаноци со СЗО и ниту една препорака од таму не била прифатена од надлежните. Покрај за капитациониот бод, лекарите се револтирани за големиот број на казни и затварањето на ординациите кои немаат или не биле во можноста да најдат медицински сестри. Дали го прати сето ова министерот и што е во план да превземе?