Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска, во синоќешното издание на дебатната емисија „Економски магазин“ на Алсат телевизија разговарајќи за најновите законски решенија кои што министерството за Труд и социјална политики ги доставило во Собранието на изгласување, истакна дека од нејзината партија не се согласуваме со укинувањето на мерката за паричниот надоместок за трето дете, односно на воведување на услов на мајката затоа што сметам дека мерката за трето дете е демографска мерка која што независно од приходите во семејството треба да ги остварат сите мајки кои што одлучиле да чуваат трето дете.
– Само еден пример ќе кажам дека во 2010, ова се податоци од Државен завод за статистика, мајки корисници на родителски додаток за трето дете имало вкупно 5246 за во 2017 година оваа бројка да порасне на 26.591 корисници. Што значи дека мерката сама по себе има дадено резултати и сигурно дека нема да се согласиме со воведување на услов за користење на материјалниот додаток за трето дете, рече Митовска.
Таа додаде дека тие како пратеници имаат деловничка можност да реагираат во однос на содржината на предлог законот и ќе ги искористат сите деловнички можности со цел да го подобрат вака предложеното законско решение, потенцира Митовска.