Младите луѓе и натаму не се задоволни од условите за живот во земјава и се поголем број од нив решаваат да ја напуштат Македонија и среќата да ја бараат во западно европските земји или пак во прекуокенаските дестинации.
Во телевизиски дебати низ земаја – често зборуваат млади луѓе кои за само неколку години успеале да го реализираат својот сон. Тие се претприемачи и сопственици на бизниси едниот од областа на ИТ технологиите , другата води интернет портал кој нуди групни попусти за производи и разни услуги. Двајцата признаваат дека можеле да заминат од Македониаја, но решиле да останат во земјава и тука да инвестираат, иако проблем им се ниските примања во Македонија.
За подобрување на квалитетот на живот, не само на младите туку и на сите граѓани на земјава. Освен подобар стандард, подобри услови треба да има и во здравството, подобро образование, правна држава. Со реформи во овие голем дел од младите би го смениле мислењето и би останале во Македонија, но барем за сега ништо од тоа. Аеродромите и натаму со полни раце работа.