Ѓумбирот е многу здрав и сигурно повеќе пати досега сте прочитале дека се користи при готвењето, но и за нега и убавина. Сепак, во некои случаи не би требало да го консумирате.
Ѓумбирот е билка што ги зајакнува мускулите и го поттикнува варењето, а таа стимулација, доколку сте бремени, може да доведе до предвремени контракции и трудови. Во раната бременост, ѓумбирот може да ја ублажи мачнината, но немојте да го консумирате во последните три месеца од бременоста.
Ѓумбирот ја забрзува циркулацијата и протокот на крвта што е одлично за оние кои имаат дијабетес или проблеми со дебелината. Но за оние кои имаат проблеми со коагулација на крвта може да биде многу штетен и може да доведе до обилни крвавења дури и при мали повреди. Исто така, може да го неутрализира дејството на некои лекови.