Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направен е 1.221 тест, а регистрирани се 89 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 59, Битола – 7, Кавадарци – 4, Охрид и Делчево – по 3, Куманово ,Прилеп , Штип и Берово – по 2, Гостивар, Струмица, Кочани ,Гевгелија и Демир Хисар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 20 реинфекции.
Регистрирани сe 87 оздравени пациенти од: Скопје – 30, Битола – 26, Охрид – 6, Прилеп и Ресен – по 4, Штип и Кичево – по 3, Гевгелија и Велес – по 2, Куманово, Берово, Струмица, Дебар , Валандово, Богданци и Кратово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје (85г) починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје(70г), починат во домашни услови, починат на 30.04.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.035.877 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.684, бројот на оздравени пациенти е 300.761, на починати е 9.289, а бројот на активни случаи изнесува 634.