Откако во јавноста пристигнаа реакции за недостиг на лекови на Клиниката за онкологија, во текот на изминатиов период, денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити, даде изјава. Во изјавата тој посочи дека сега на клиниката има терапија, а превентивно се преземаат мерки за да не се доведат во тешка ситуација да нема лек.

– Морам да споделам и да кажам дека тоа не е на ниво на нашата држава, тоа е на ниво на светот – недостига таа дефицитарна материја и такви проблеми очекуваме, изјави Меџити, додавајќи дека во таа насока работите сега се подобрени.

Во однос на поплаките за немање термини за закажување прегледи, министерот Меџити одговори дека смета дека има подобрување во однос на термините за закажување. Тој информираше дека контролорите и инспекциите се излезени на терен и има подобрување во врска со термините.