Министерството за здравство информира дека во болницата во Тетово изминатото деноноќие има голем наплив на пациенти и се работи на интензивна реорганизација со цел соодветно згрижување на сите.
На колегите од Тетово им се дава соодветна поддршка во делот на кадар и сместувачки капацитети. Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во с. Лешок, а доколку е потребно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје.
Во текот на утрешниот ден ќе се донесе одлука дали и колку дополнителен кадар е потребен, кој во најкус рок ќе биде распореден. Министерството за здравство размислува и за воведување дополнителни локални мерки за што ќе биде разговарано утре. Министерството апелира граѓаните да ги почитуваат мерките за личnа заштита со цел спречување на понатамошно влошување на состојбата.