Германија на 20 март ќе ги укине речиси сите епидемиолошки мерки и ќе се префрли на правилото „хот спот“, што ќе им даде можност на покраините да дејствуваат во случај на потреба, според договорот постигнат меѓу министерот за правда Марко Бушман и министерот за здравство Карл Лаутербах.
– Мислам дека постигнавме добар компромис кој се потпира на два столба. Речиси и да нема ограничувања во секојдневниот живот на граѓаните, изјави Бушман за ЗДФ.
Лаутербах рече дека исклучок се маските и тестовите каде што има голем број членови на ризични групи, односно во домови за стари лица и болници. Исто така, обврската за носење маски може да остане во јавниот превоз.
– Се разбира, не е планирано да се отвори се, додаде тој.