Почетокот на годината е добро време да се вратиме на основите на добро здравје. Во повеќето случаеви, тоа е сосема доволно.
Ако и вие имате впечаток дека е комплицирано да се биде здрав, затоа што сме преплавени со нови диети, нови правила за здрава исхрана и нови совети како да вежбаме поефикасно, еве го вистинското освежување.
Професорот по семејна медицина на Универзитетот во Отава, д-р Јону Фридхоф, по 16 години семејно лекарско искуство, за време на кое претежно се занимавал со проблеми со исхраната и дебелината, заклучил дека „тајната“ за добро здравје е доста едноставна, пренесува New York Times.
Најдобрите совети од овој искусен лекар по општа пракса стојат во 50 зборови, и редоследот на советите не го одредува нивното влијание врз здравјето. Придржувајте се до нив и ќе видите дека е многу полесно да се грижите за здравјето, отколку што ви се чини:
Не пушете.
Вакцинирајте се.
Избегнувајте трансмасти.
Заситените масти заменете ги со незаситени секогаш кога можете.
Гответе “вистинска храна” и намалете ги излегувањата по ресторани на минимум.
Избегнувајте преработена храна.
Негувајте ги врските со луѓето кои ги сакате.
Спијте доволно.
Умерено конзумирајте алкохол.
Вежбајте онолку колку што во тоа уживате.
Пијте само калории кои ви се допаѓаат.
Гледате, прилично е едноставно. Ете план, вие обидете се да се придржувате до него. И бидете здрави и среќни.