Умерениот стрес може дури да биде и корисен за вас, но доколку непрекинато сте под голем притисок кој ве прави анксиозни и целосно исцрпени, тогаш тоа може да има многу штетни последици за вашето здравје. Затоа, доколку постојано сте нервозни и под стрес, внимавајте на себе, бидејќи може сериозно да ја нарушите вашата целокупна здравствена состојба. Стресот, исто така, може да ги предизвика и овие фатални последици:
1. Поттикнува ширење на ракот
Телото кое е постојано изложено на стрес е и помалку отпорно на канцерогените клетки, дури и кога прима лекови против рак. Канцерогените клетки опстануваат под влијание на адреналинот и кортизолот кои се лачат кога сте под поголем стрес.
2. Ја намалува масата на мозокот
Стресните животни ситуации може да предизвикаат намалување на сивата маса во деловите на мозокот задолжени за чувствата и физиолошките функции, што подоцна може да предизвика и посериозни психолошки нарушувања.
3. Предизвикува предвремено стареење
Долготрајната изложеност на стрес и насилство во детството може да предизвика предвремено стареење на клетките во организмот. Ова е забележано кај луѓе кои во детството често гледале насилство или пак самите биле жртви.
4. Може да влијае на гените на потомството
Ефектите на стресот се трајни и може да се пренесат од генерација на генерација. Се смета дека одредени промени на гените настануваат под влијание на надворешните фактори како што е стресот, може да исчезнат во текот на животот, но некои оштетувања, за жал се трајни.
5. Поттикнува појава на депресија
Стресот може да биде предизвикувач на депресивни епизоди во однесувањето на личноста.
6. Го зголемува ризикот од хронични болести
Самиот стрес може фатално да влијае и врз физичкото здравје. Постојат многу случаи кога луѓето кои биле под влијание на стрес и анксиозност, неколку години подоцна покажувале симптоми на хронични болести.
7. Го зголемува ризикот од мозочен удар
Луѓето кои постојано се напнати и нервозни исто така се изложени на висок ризик од мозочен удар. Според лекарите, оние кои се постојано нервозни, уморни и напнати, а живеат и динамичен и стресен живот, имаат поголеми шанси за невролошки нарушувања.
8. Го зголемува ризикот од инфаркт
Анксиозноста и стресот го зголемуваат ризикот од инфаркт за 27 проценти. За да се зачува здравјето на кардиоваскуларниот систем, стресот и нервозата треба да бидат сведени на минимум, но и да се води здрав живот.
9. Телото потешко поднесува симптоми на настинка
Луѓето кои често се под стрес, потешко ги поднесуваат симптомите на настинки и грипови. Имунитетот, поради високите нивоа на кортизол, заслабнува и на телото му е потешко да закрепне.
10. Може да влијае врз закрепнувањето и последиците од болеста
Дијагнозата и процесот на лечење исто така може да предизвикаат стрес, особено кога сето тоа трае предолго. Стресната состојба може да влијае врз делувањето на терапиите и да спречи тие целосно да ги излечат болестите.