Хунѕите се стар народ кој живее на границата меѓу Индија и Пакистан. Тие се познати по својата долговечност и здрав начин на живот поради кој се и најздравиот народ на светот.
Нивниот животен век трае 110 години. Затоа и местото каде живеат се нарекува оаза на младоста. Скоро никогаш не се разболуваат, а благодарение на здравиот начин на исхрана изгледаат многу младолико.
Тие се вистински пример дека постои идеален начин на живот. Се капат во студена вода, дури и на температура од 15 степени под нулата, а раѓаат деца после 50-тата. На лето јадат овошје и зеленчук, а во текот на зимата јадат суви кајсии, житарици и овчо сирење. Постои и период кога речиси ништо не јадат, а тоа е гладната пролет. Името го добива по тоа што овошјето не е зрело тогаш, па така само пијат сок од праски и кајсии.
Шкотскиот лекар Мак Харисон кој ги посетил Хунѕите спровел експеримент на голем број животни по неговото враќање во Шкотка. Една група се хранела со нормална храна како што јадат луѓето во Шкотска,а тоа е конзервирана храна, преработен шеќер, пржена храна. Како резултат на тоа, кај животните се јавиле многу човечки болести. Другата група животни која се хранела со храната на Хунѕите останала здрава.
Тие не конзумираат преработени слаки, алкохол и никаква хемија во нивната исхрана. Освен тоа, често се принудени да пешачат и по 20 км дневно. Така одат во продавница, а потоа се враќаат дома среќни и весели.
Нивниот живот е навистина поинаков, но во тоа се крие и тајната на нивната долговечност.